Мерџаноски: Осум пациенти ќе бидат транспортирани во странство

од Даниел Ѓорѓиевски
192 прегледи

Сите пациенти кои се хоспитализирани се во релативно стабилна состојба, но кај неколку од нив е забележано влошување, иако не се во животозагрозувачка состојба, изјави др. Игор Мерџаноски од клиниката за торакална хирургија..

Според него, предвидено е осум пациенти да бидат транспортирани во странство – во Словенија, Полска, Австрија, Италија и Хрватска.  Мерџаноски изјави дека пациентите се во транспортабилна состојба, а медицинските екипи од странство, кои пристигнале на помош имаат достапни хеликоптерски и авионски превози кои можат да бидат искористени а транспорт.

Мерџаноски извеести дека на помош пристигнати се лекари од Белгија, Израел и Србија, кои заедно со домашните медицински тимови активно работат на третманот на пациентите.

Слични содржини