Мерил Стрип, Никол Кидман и Аријана Гранде заедно во нов голем проект

од Vlatko K
129 прегледи

Новиот филм кој ни го подготвува Netflix, се нарекува „The Prom“ и се очекува да излезе во 2020
година. Повторно ќе ги видиме Мерил Стрип и Никол Кидман како партнери на екранот (во
моментов двете учествуваат во серијата „Big Little Lies“), a овој пат во актерскиот состав е и
пејачката Ариана Гранде.


Филмот ќе биде адаптација на најголемата театарска претстава „The Prom“. Таа е мјузикл, одигран
за прв пат во 2016 година во Атланта, а во 2018 година се качува на сцената на Бродвеј, по што
ужива огромен успех и доби цели шест награди „Тони“.

Режисер на филмската адаптација на претставата ќе биде Рајан Марфи, кој има големи надежи за
проектот.

„Сакаме да направиме нешто вредно за номинација за „Оскар“, вели тој.
Друга популарна личност вклучена во филмот е Џејмс Корден