Музичарот Мерилин Менсон се предаде на полицијата откако беше распишана потерница за негово апсење за напад на снимателка, пишува „Мирор“.
Нападот врз снимателката се случил на неговиот концерт во август 2019 година. Тој е обвинет затоа што плукањето се смета за „неовластен физички контакт“. Жртвата не е повредена, но дел од плунката на Менсон паднала на нејзината рака.
Менсон се предаде на полицискиот оддел Гилфорд, а началникот на полицијата Ентони Бурпи изјави дека пејачот по распитот бил ослободен со кауција.
Адвокатот на Менсон претходно изјави дека плунката на Менсон случајно завршил на раката на снимателката и дека за тоа таа побарала 35 илјади долари.