Меркел: Ако Америка разговара со Русија, може и ЕУ

од Vladimir Zorba
320 прегледи

Европската унија треба да одржи отворен дијалог со Москва, како што тоа го прават и САД, рече германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон. Тој е првиот гостин што го прими канцеларката во 2021 година.

„Следниот четврток и петок (на самитот на ЕУ), односите со Русија и Турција, пред сè, ќе бидат на агендата“, рече Меркел.

„Денес, сакаме да ги усогласиме нашите позиции пред самитот на 24-25 јуни“, додаде таа, нагласувајќи дека, пред сè, ќе разговара за надворешно-политичкиот курс на Москва и Анкара.

„Мора да констатираме дека сите сме изложени на хибридни напади, но, од друга страна, многу сме заинтересирани за безбедноста и стабилноста во ЕУ, така што ќе останеме во дијалог со Русија, колку и да е тешко“, тврди канцеларката.

„Сметам дека ако американскиот претседател Џо Бајден се среќава со рускиот претседател Владимир Путин и одржува отворен дијалог со него, фер е дека ние, од европска страна, треба да го сториме истото“, смета Меркел.

„Бидејќи само преку дијалог може да се изрази заедничка позиција. Што се однесува до ситуацијата во Украина, знаеме дека само преговорите во форматот од Минск нудат можност да се оди напред, барем за милиметар, иако е многу тешко“, рече канцеларката.

Слични содржини