Меркел: Анкара не може да бара откуп со бегалците

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Зделката за бегалци е склучена не само во интерес на ЕУ, но и на самата Турција.

Канцеларот на Германија Ангела Меркел не смета дека зделката меѓу ЕУ и Турција за бегалците и овозможува на Анкара да му бара откуп  на Берлин. Во објавено денешно  интервју  “Колнер штад анцајгер” Меркел вели дека “како канцелар е целосно слободна да зборува директно колку опасна е ситуацијата во Турција”.

Меркел наведува дека ова се однесува не само до јавните учества, “но и пред се до директниот дијалог со турската влада”.

Таа истакна дека договорот за бегалци е склучен не само во интерес на ЕУ, но и на самата Турција, бидејќи овозможува да се спротивстави на криминалните банди на шверцерите. Шверцерите на мигранти “генерално не се во состојба да дејствуваат онака како порано”, рече Меркел.

Меркел се залага за балансиран пристап во односите со Анкара. “Несомнено, нашата критика мора да биде јасна, но истовремено треба да останеме претпазливи, бидејќи добрите односи со Турција се во наш интерес”, истакна Меркел. Канцеларот истакна дека воведувањето на смртната казна во Турција би ги  “лишило со причина” преговорите за пристапување на Турција во ЕУ. / ТАСС