Меркел добива највисоко државно одликување за заслуги, мислењата се поделени

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, денеска на поранешната канцеларка Ангела Меркел ѝ го врачува Големиот Крст за заслуги, највисокото одликување кое постои во Германија, а за наследството на нејзината политика се изнесуваат сосема различни ставови.

Коментаторот на порталот ДВ, Албрехт фон Лук, оцени дека времето во кое Меркел беше на власт е „ера од 16 изгубени години“.

„Ние штотуку почнуваме да сфаќаме колку е проблематично наследството на Ангела Меркел“, навел тој и додава дека е сосема дрско да се додели ваква награда на Ангела Меркел сега, бидејќи, како што смета, се уште не е јасно кои се нејзините заслуги, а кои се нејзините неуспеси.

Слични содржини