Екстремните временски услови во светот се доказ дека климатските промени се реалност, рече денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

Екстремните температури ширум северната хемисфера ова лето предизвикувааѕ дополнителна загриженост дека климатските промени добиваат сила а заради тоа десетици држави побараа емисиите на штетни гасови да се намалат побрзо од планираното.
Но, Меркел смета дека слични повици може да бидат контрапродуктивни и дека одредувањето нови цели нема смисла затоа што некои европски држави не можат да го исполнат ни до сега договореното.
„Не сум посебно среќна заради овие предлози. мисалм дека прво би требало да се држиме до целите кои претходно ги поставивме“, вели Меркел.
Германската администрација веќе се соочува со критики заради отстапување од зададените цели за намалување на штетните гасови до 2020 година затоа што се донесе заклучок дека не можат да бидат остварени.