Европа не може да ги реши сите светски проблеми, особено не оние што се премногу комплицирани, како што е Блискиот исток, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
Таа повтори дека Германија го поддржува правото на Израел за самоодбрана, како и дека Берлин смета дека масовната акција на ИДФ е „вистинска работа“.
Но, таа додаде дека не верува дека воената акција ќе придонесе за мир во регионот.
„Од друга страна, ќе придонесеме за дипломатски обиди што ќе донесат траен мир и долгорочно решение“, рече германската канцеларка, додавајќи дека еден од начините да се постигне тоа е да се одржат индиректни разговори со Хамас.
Да потсетиме, таа порано рече дека Израел има право да се брани, но погледите на светската јавност се уште се насочени кон појасот Газа, во кој 11 дена траат конфликтите меѓу милитантниот Хамас и силно вооружениот Израел.
Сите напори, дури и оние кои доаѓаат од личноста која има најголемо влијание врз Израел, американскиот претседател, досега не вродија со плод, додека има бројни анализи во медиумите кои покажуваат дека ниту Израел ниту Хамас не се согласни за прекин на огнот, бидејќи всушност последниве во низа војни, тие си обезбедија политичка моќ, која почнаа да ја губат.
На Бенјамин Нетанјаху му одговара – заради несигурната можност за формирање влада, а на милитантниот Хамас му треба војна за да го надмине политички Фатах.