Меркел: Европа треба да размислува за дипломатски одлуки за Украина по реизборот на Трамп

од Nikola Popovski
246 прегледи

Имајќи предвид дека Доналд Трамп е новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Европската унија треба да размисли како би можеле да изгледаат дипломатските одлуки за Украина, изјави поранешната германска канцеларка Ангела Меркел.

„Во оваа книга пишувам дека верувам дека паралелно со поддршката на Украина, сите учесници (во конфликтот), а тоа не е само Украина, туку и оние кои и помагаат и ја поддржуваат, треба да размислат како можат да изгледаат дипломатските одлуки. Мислам дека, имајќи предвид дека Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата претседател на САД во јануари, уште поважно е Европејците кои ја поддржуваат Украина да имаат идеја за тоа што е остварливо, прифатливо и неприфатливо за нив“, рекла Меркел на презентацијата на своите мемоари, а пренесуваат германските медиуми.

Таа истакна дека од нејзина гледна точка тоа е исклучително важно.

Книгата со наслов  „Слобода: Мемоари 1954-2021“, во вторникот беше пуштена во продажба во Германија. Поранешната канцеларка ги напишала своите мемоари заедно со нејзината долгогодишна помошничка, која раководела со бирото на поранешнната канцеларка, Беате Бауман.

Слични содржини