Меркел го објаснува ширењето на коронавирусот за минута и пол (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
269 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел во минута и половина го објасни ширењето на коронавирусот и зошто е опасно наглото намалување на рестриктивните мерки.

Во видеото кое брзо стана вирално, Меркел објасни зошто укинувањето на мерките бара претпазливост и опиша како може да се случи големо зголемување на бројот на пациенти,

Таа исто така објасни како може вирусот на еден заразен човек да зарази други.

Канцеларката рече дека во Германија лице заразено со коронавирус во просек заразува друго лице и дека ако можноста едно лице да го пренесе вирусот се спушти под 1, епидемијата почнува да бледне.

Сепак, таа посочува дека ако се надмине над 1, тоа значи дека можноста за инфекција ќе се зголеми, а веројатно и драстично, еве како таа објасни што може тоа да значи за Германија.

„Ако дојдеме до точка кога сите заразуваат 1,1 лица, ќе го достигнеме врвот на капацитетот на нашиот здравствен систем до октомври“, објасни Ангела Меркел и додаде дека доколку можноста за инфекција продолжи да се искачува на 1,2, сите ќе заразат 20 проценти повеќе.

Ова значи дека по таа стапка германскиот здравствен систем би ги достигнал своите граници во јули. „Имаме малку слободен простор“, рече Меркел.

Германија, иако е сериозно погодена од вирусот, успеа да започне со израмнување на кривата и има далеку пониска стапка на смртност од другите земји.

Во Германија се регистрирани нови 3.380 случаи, но здравствените власти велат дека стапката на инфекција продолжува да опаѓа.

Вкупниот број заразени лица достигна 133.830, а повеќе од половина веќе закрепнаа.