Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Берлин се сретна со новиот француски претседател Емануел Maкрон. И двајцата лидери ја нагласија потребата за реформирање на Европската унија (ЕУ).
Меркел по средбата повика на, како што рече,нова динамика во односите меѓу Берлин и Париз, истакнувајќи дека интересите на двете земји се тесно поврзани. Таа, исто така, нагласи дека Германија во принцип е подготвена да разговара за измеи во Европската унија (ЕУ), ако е потребно.”Би била подготвена на таков чекор, но прво треба да утврдиме она што сакаме да реформираме”.