Програмата на Европската унија “Источно партнерство” не е насочен против Русија и не цели врз нејзините учесници по секоја цена да влезат во ЕУ или НАТО, рече германската канцеларка Ангела Меркел.

меркел

Во говорот пред Бундестагот, таа рече дека украинската криза природно влијае на односите на Германија и со другите партнери на исток.“Украина, Грузија и Молдавија склучија договори за асоцијација со ЕУ. Целта на овие договори е поддршка од страна на Европа во изградбата на функционална правна држава, на успешна пазарна економија, која ќе им овозможи да се постигне подобра иднина за луѓето од овие земји “, смета канцеларката. Во “Источното партнерство” учествуваат шест поранешни советски републики – Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина.

Слични содржини