Познат пар руски комичари тврдат дека ја навеле поранешната германска канцеларка Ангела Меркел да зборува за војната во Украина, откако вчера објавиле извадоци од разговорите.
Нејзиниот кабинет во Берлин потврди дека поранешната канцеларка, која ја напушти функцијата на крајот на 2021 година, навистина била контактирана.
„Можам да потврдам телефонски повик со повикувач кој се претстави како поранешниот (украински) претседател Петро Порошенко“, изјави портпаролот на Меркел за ДПА.
Познато е дека повикувачите кои се шегувале, наречени Вован и Лексус, ги измамуваат светските лидери и познати личности имитувајќи други функционери во телефонските повици.
Интервјуто било одржано на 12 јануари
Тие се сметаат за блиски до владата на претседателот Владимир Путин.
Од кабинетот на Ангела Меркел во соопштението се наведува дека телефонскиот разговор се случил на 12 јануари и дека бил преведен од службите на германското министерство за надворешни работи.
Во соопштението се наведува дека Меркел ги изнела своите впечатоци од разговорите во МНР.
За време на нејзиниот мандат Меркел често комуницирала со Порошенко.
Петро Порошенко (57) ја водеше Украина од 2014 до 2019 година пред да биде наследен од актуелниот украински претседател Владимир Зеленски, пишува „Хина“.