Меркел ќе разговара со Путин за протерувањето на двајца руски дипломата

од Aleksandar Petrovski
168 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел најави денеска дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за протерувањето на двајца руски дипломата од Берлин.

Таа изјавата ја даде на заедничка прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп, по одржаниот самит на НАТО во близина на Лондон.

Таа, исто така, истакна дека Русија не ја поддржала истрагата која Германија ја водела за тој случај.

Германското Министерство за надворешни работи соопшти претходно денеска дека протерало двајца руски дипломата, откако Обвинистелството објавило дека се сомнева во вмешаност на Москва во убиството на еден Грузиец во Берлин.

Зборувајќи за трговијата меѓу ЕУ и САД, Меркел нагласи дека се подобрени можностите за надминување на разликите во трговијата откако Урсула фон дер Лајен стапи на должност претседател на ЕК.

– Сметам дека имаме добра основа да напредуваме во трговските преговори, истакна Меркел.