Германската канцеларка Ангела Меркел се почесто е критикувана поради нејзиното намалено присуство во медиумите, потврдуваат статистички податоци.
Според германските медиуми, канцеларката минатата година значително помалку излегуваше пред новинарите.
Берлински „Тагешпигел“, повикувајќи се на статистички податоци од информативната служба на канцеларката, пишува дека таа минатата година дала 22 интервјуа за германските медиуми.
Во споредба со претходните години, во просек давала повеќе од 60 интервјуа.
Здружението на новинари на Германија го критикуваше повлекувањето на Меркел од медиумите, а претседателот на тоа здружение, Франк Иберал истакна дека редовните видео-пораки на Меркел биле „само ПР, а не новинарски извештаи кои даваат неопходни објаснувања“.
– Тајноста не е во согласност со дејствувањето на владата во една демократија, порача Иберал.