Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека треба да биде направено се што е можно за да не остане Грција без пари, пред да биде склучен договорот со доверителите. Тоа го изјави таа по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас во рамките на Советот на лидерите на ЕУ во Брисел.
Во однос на средбата со Ципрас, Меркел истакна само дека нејзиниот разговор со него бил “конструктивен”, но претпочита тој да остане доверлив . Од грчка страна пријавиле дека Ципрас инсистирал одлуката да стане јасна до крајот на месецот.
Претстои средба на министрите за финансии во Рига, за време на која ќе биде разгледан и напредокот на Атина, додека напредокот во разговорите меѓу земјата и кредиторите се уште е бавен. Истовремено во последниве недели, станува јасно дека МВФ, ЕК и еврозоната не се задоволни од напредокот на земјата во преговорите.
Минатиот месец грчката влада соопшти дека има проблеми со исплатата на придонесот на заемите, но на крајот успеа да го плати. Засилени се и шпекулациите дека Атина намерно оди лошо со преговорите, , како и дека може да излезе од еврозоната и да се врати на драхмата.
