
Германскиот канцелар Ангела Меркел изрази несогласување со повикот на британскиот премиер Тереза Меј преговорите за условите на Брекзит да течат паралелно со оние кои ќе ја одредат формулата на идното партнерство меѓу Велика Британија и Европската унија, пишува AFP.
“Преговорите мора прво да разјаснат како ќе се редефинира нашето меѓусебно партнерство … и само кога тоа прашање биде испразнето, ние ќе можеме да се надеваме да почнеме да зборувам за нашите идни односи”, изјави Ангела Меркел во Берлин.