Меркел одлучна: Не можеме да ги примиме сите мигранти!

од Stefanija Kuzmanovska
300 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел, кон крајот на нејзиниот мандат, очигледно ја смени својата политика кон мигрантите.

Додека во мигрантската криза од 2015 година таа велеше „ќе го надминеме тоа“, денес порача „не можеме да ги примиме сите“.

На традиционалната летна прес-конференција, пред да замине на годишен одмор, Меркел, запрашана дали смета дека е морална обврска да се примат бегалците од Авганистан, како што тоа го стори во 2015 година со Сиријците, кога зборуваше за „хуманитарниот императив“, рече дека Германија веќе прими голем број Авганистанци.

„Ќе мора поинаку да му пристапиме на ова прашање“, рече таа.

Меркел посочи дека Германија не може да компензира за сè што се случува во Авганистан.

– Не можеме да ги решиме сите проблеми таму со прифаќање на луѓето – објасни таа.

Слични содржини