Државниот министер во Министерството за надворешни работи на Германија надлежен за Европа, Михаел Рот ќе ја посети Македонија од 1 до 2 февруари, информираат од Германска амбасада.
– Тој на лице место ќе се информира за внатреполитичката состојба како и за бегалската проблематика. Предвидени се разговори со претставници од Владата и опозицијата, граѓанското општество и невладините организации, кои се активни во областа на човековите права, поддршката за бегалците, Ромската популација и ЛГБТИ-заедницата во Македонија – се вели во соопштението на Германска амбасада.
Рот ќе одржи и јавна дебата со студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
МЕТА
