
Откако во вечерните часови, разговорите за коалиција не успеаја, а слободните демократи ги напуштија разговорите, канцеларот, рече дека нејзината цел е да формира стабилна влада, додавајќи дека е отворена за обновување на “голема коалиција” со социјалдемократите.
Ангела Меркел изјави дека повторно ќе учествува како кандидат во случај на избори и дека нејзиниот конзервативен блок е обединет повеќе од било кога.
Постојат две опции: Меркел да формира малцинска влада или претседателот повикува на нови избори
Германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер, по неуспехот за формирање влада повика на консултации помеѓу партиите.