Меркел призна дека Германците повеќе и веруваат на Русија, отколку на САД

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Американските компании сакаат намалување на контролата и слабеење на мерките за регулирање во Европа

20161007-ryniitcitf
Германскиот канцелар Ангела Меркел ja  осуди неподготвеноста на германските претприемачи да водат преговори за слободна трговија меѓу САД и ЕУ (TTIP), обвинувајќи ги за антиамериканизaм. Тоа денеска го посочи Меркел за време на своето обраќање на Денот на германската индустрија-2016 во Берлин.“Ако стануваше збор за сличен договор со Русија, тогаш ние не би слушнале и половина од критиките кои слушаме денес. Мора да размислуваме над тоа “- истакна канцеларката, повикувајќи ги  претприемачите да  го преиспитаат својот однос кон економската соработка со САД.

Претходно германскиот заменик-канцелар и министер за економија ЗигмарГабриел објави дека преговорите за TTIP успеаја.

Противниците на договорот се убедени дека во него се рефлектираат интересите исклучиво на транснационалните компании кои инсистираат на намалување на контролата и слабеење на мерките за регулирање во Европа.