188
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска разговараше преку видео конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Таа повика на примирје во конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан.
Канцеларката истакна дека е неопходно да се воспостават разговори во рамките на групата Минск на ОБСЕ, кои ќе имаат за цел суштински напредок.
Исто така, како што објави портпаролот на германската влада, Стефен Зајберт, Меркел изјави дека ќе преземе брзи чекори во врска со агендата за понатамошен развој на односите меѓу ЕУ и Турција, како што е предвидено со заклучоците на последниот Совет на ЕУ.
Таа исто така ја истакна потребата од намалување на тензиите во источниот Медитеран.