Меркел: Се надевам на напредок во трговскиот спор на Кина и САД

од desk2
130 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека се надева дека САД и Кина до одреден степен ќе напредуваат во намалувањето на трговските спорови на самитот на водечките светски економии Г20 во Јапонија.

Меркел на самитот во Осака, Јапонија, изјави дека разговарала за трговијата за време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп, кој по тоа прашање беше критикуван од Пекинг и од Берлин, објави Reuters.