Меркел смета дека на ЕУ и недостасува солидарност

од desk3
99 прегледи

Европската унија треба да манифестира солидарност, за да може да има влијание на меѓународната сцена и да може да се бори против тероризмот и илегалната миграција. Ова го изјави германската канцеларка Ангела Меркел за време на предизборен настан во градот Ројтлинген. “Има недостиг на солидарност. Заедно со нашите партнери од Европската унија ќе разговараме ова прашање. Ако тие не се согласат, тогаш ние ќе разговараме и за постоечките противречности “, рече таа. Уште еднаш канцеларката изрази и жалење за одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата. “Остануваме само 27, но сепак ќе имаме доволно сила за да го постигнеме бараното. Тоа е слободата на говорот, слобода на вероисповед, на движењето, на независното судство “, посочи уште Меркел. Канцеларката исто така, посочи дека Берлин не може сам да одлучи за сложените задачи со кои се соочува континентот, мислејќи наборбата против меѓународниот тероризам и спречувањето на нелегалната миграција.