Меркел со порака до Германците: Не е време да се опуштање

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Германскиот канцелар во вторникот ги повика Германците да се придржуваат кон правилата, како што се носење маски, воведени за борба против пандемијата на коронавирус, за да можат да ги одржуваат училиштата отворени и најголемата економија во Европа да продолжи со закрепнувањето од карантинот.

Порастот на бројот на заразени изминативе недели вознемири некои виролози и политичари во Германија, а Ангела Меркел јасно стави до знаење дека ова не е време да за опуштање.

„Добрата вест е дека, ако ги следиме правилата, голем дел од јавниот живот е можен“, рече Меркел на нејзиниот пат кон западната држава Северна Рајна-Вестфалија.

„Ако се намалат бројките, можеме да се отвориме повеќе. Ако тие не се намалат, или се зголемат, треба да се запрашаме што треба да се направи, а потоа, во секој случај, не е можно понатамошно олеснување на мерките“, рече Меркел.

Министерот за здравство Јенс Шпан им порача на законодавците дека „сезоната на карневалот“, која се однесува на серија настани од 11 ноември до средината на февруари, ќе биде откажана поради пандемијата, изјави извор од Бундестагот за Ројтерс.

Бројот на заразени во Германија е релативно мал во споредба со голем број европски земји, а вкупниот број се зголеми за 1.390 во вторникот, објави Институтот „Роберт Кох“.

Вкупно коронавирус е потврден кај 225.404 лица во Германија, додека се пријавени 9.236 смртни случаи.

Меркел ги поздрави построгите мерки во врска со носењето маски во јавноста и во продавниците и рече дека патниците од подрачја со висок ризик мора да покажат негативен тест за коронавирус или да одат во самоизолација.

„Не е прашање на избор, тоа е задолжително“, рече таа.

Сепак, Меркел јасно стави до знаење дека не сака да ја запре економијата.

„За нас, примарни приоритети се зачувување на економскиот живот, колку што е можно повеќе, како и заштитата на работните места, затоа имаме програми за поддршка. Второ, сакаме училиштата и градинките да работат“, рече Меркел.

Слични содржини