Германската канцеларка Ангела Меркел денес ги повика граѓаните на земјата да ги минимизираат социјалните контакти.
„Ги повикувам граѓаните да ги избегнуваат сите собири освен контакти во непосредниот семеен круг. Со тоа конкретно си помагаме и покажуваме солидарност“, рече Меркел во редовната видео-порака во саботата.
Таа ги наведе советите на експерти кои повикаа на воздржаност од посети на стари лица за да не се заразат „ранливите социјални групи“ и изрази уверување дека граѓаните ќе ги следат тие правила од лично уверување“.
Меркел објасни дека пандемија на коронавирусот е „голем предизвик“ за целото општество и дека потрагата по лекови и вакцини ќе „продолжи“, пренесува Хина.
Таа објасни дека се потребни помошни мерки за да се спречи пандемијата „да остави длабоки траги“ на економијата.
Германската канцеларка најави формирање на посебен владин комитет за следење на развојот во ширењето на вирусот.
Покрај канцеларката, комитетот ќе биде составен од министрите за надворешни и внатрешни работи, здравство и одбрана.