Меркел со ултиматум до Зеленски, договорен со Бајден и Путин

од Vladimir Zorba
336 прегледи

За време на средбата со украинскиот претседател Владимир Зеленски, германската канцеларка Ангела Меркел му поставила ултиматум за Донбас, за кој претходно „преговарала“ со Владимир Путин и Џо Бајден, изјави украинскиот пратеник Јевхен Мураев во интервју за локална телевизија

Според него, посетата на Зеленски на Вашингтон ќе зависи од тоа дали ќе ги прифати барањата на водечките светски лидери.

„Мислам дека средбата ќе се одржи само во еден случај: ако Зеленски го прифати ултиматумот што Меркел му го даде по средбите со Бајден и Путин“, рече Мураев.

Поранешниот пратеник најави постоење на „консолидирано решение за Украина“, што се должи на неисполнувањето на обврските на Киев за решавање на конфликтот во источниот дел на земјата. Мураев нагласи дека Украина, на пример, не ги испочитува договорите постигнати за време на самитот на лидерите од т.н. Нормандска четворка во Париз во 2019 година.

„Ако Зеленски го прифати она што светот го договори во Украина, тоа ќе се спроведе за време на состанокот (на претседателите на Украина и САД. – н.з.). Ако има какви било алтернативни опции, состанокот нема да се одржи“. додаде политичарот.

Според последните податоци на ОН, жртвите од конфликтот во Донбас се околу 13.000 лица.

Слични содржини