Нападите во Шпанија ги потресоа и германските политичари. Меркел и кандидатот на СПД за канцеларската функција, Шулц, договорија ограничување на изборната кампања.

Германската канцеларка Ангела Меркел остро ги осуди нападите во Шпанија. „Тероризмот може да ни приреди тажни часови, но тој никогаш не може да нѐ победи“, изјави Меркел во Берлин. Нападите повторно го вадат на очиглед огромното и необјасниво човечко потценување со кое што постапува исламистичкиот терор, истакна Меркел.
Политичките партии, застапени во Бундестагот и ФДП договорија продолжување на изборната кампања во Германија без оглед на терористичките напади во Шпанија, но во следните два дена да се воздржат од „гласна музика и слично“, соопшти канцеларката. Партиите ќе организираат и минути молк за жртвите од Барселона.
Мартин Шулц со осуда на терористичкиот напад во Шпанија
Предводникот на изборната листа на германските социјалдемократи и канцеларски кандидат, Мартин Шулц, изрази исто така шокираност од нападите во Шпанија. „Овие кукавички напади, очигледно повторно дело на терористите од Исламска држава, нема да нѐ одвратат од натамошно водење на нашиот животен стил на отвореност“, изјави Шулц.
Во терористичкиот напад во Барселона се тешко повредени и 13 германски државјани, потврдија шпанските власти.
Каталонската полиција по терористичкиот напад во Барселона и оној во Камбрилс уапсила тројца Мароканци и еден жител од северноафриканската ексклава Мелиља. Главноосомничениот, кој вчера со комбе во центарот на Барселона уби 14 луѓе, не е меѓу уапсените./DW