35
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека влијанието на технолошките милијардери, како што е Илон Маск, врз новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, предизвикува „огромна загриженост“.
Во интервју за весникот Der Spiegel, Меркел, пред објавувањето на нејзините мемоари, рече дека работата на политиката е на крајот да ги балансира интересите на обичните и моќните граѓани и дека тоа е под знак прашалник доколку влијанието на моќните и богатите е толку силен, објави Ројтерс.
Меркел оцени дека ќе биде „предизвик без преседан“ за сите доколку влијанието на компаниите врз владините функционери е пресилно, било преку нивната капитална моќ или преку технолошките капацитети.