Меркел во Вашингтон: Обновување на врските кои беа раскинати во времето на Трамп

од Stefanija Kuzmanovska
254 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден ќе ја пречека германската канцеларка Ангела Меркел во Белата куќа во надеж дека ќе се обноват врските кои беа раскинати за време на мандатот на Доналд Трамп.

Посетата на Меркел на Белата куќа, која е прва на европскиот лидер откако Бајден ја презеде должноста во јануари, покажува дека САД се обидуваат да ги подобрат односите со сојузник кој честопати претрпувал напади за време на мандатот на Трамп, проценува „Ројтерс“.

Иако Соединетите држави и Германија се клучни сојузници на НАТО, тие се расправаат околу низа тешки прашања, вклучително и гасоводот „Северен тек 2“ што се гради од Русија до Германија под Балтичкото Море, за што Вашингтон стравува дека ќе ја зголеми зависноста на Европа од рускиот гас.

Тие, исто така, не се согласуваат околу економската соработка со Кина, континуираното ограничување на патувањето во Соединетите држави од Европа и противењето на Германија за привремено одрекување од патенти насочено кон забрзување на производството на вакцини за ковид 19.

Од друга страна, Бајден и Меркел се очекува да разговараат за „здружување на силите во борбата против заканите за демократијата ширум светот, сузбивање на руските сајбер напади и, како што тие гледаат, „територијална агресија во Источна Европа и обидите на Кина да доминираат во напредната технологии“.

Завршувањето на пандемијата и ублажувањето на ефектите од климатските промени исто така ќе бидат на дневен ред.

Слични содржини