Меркел за 180 секунди им објасни на граѓаните што ги чека (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
307 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска кратко се обрати пред нацијата. Тоа траеше вкупно 180 секунди, а со изјавата „влегуваме во нова фаза на пандемијата“, Меркел рече дека е многу важно да се истакне овој факт и дека сега, заради ублажување на рестриктивните мерки, потребно е да се придржуваат кон основните правила на заштита од пренесување на коронавирусот.

Таа истакна дека граѓаните мора да ги почитуваат мерките за физичко растојание и да носат заштита на уста и нос, како и да покажат почит едни кон други.

-Многу е важно за мене да го истакнам повторно фактот дека влегуваме во нова фаза на пандемијата и дека сега ќе биде неопходно да бидеме сигурни дека покрај релаксацијата на мерките, луѓето ќе ги почитуваат и основните правила, а тоа се: одржување на растојание, носење заштита на уста и нос за другите луѓе Тоа е многу важно. Ви благодарам многу – истакна Меркел.

Меркел изрази благодарност до сите здравствени институции.