Меркел загрижена од бавните разговори за вакцини за сиромашните

од Vladimir Zorba

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази загриженост денес за бавното темпо на разговори за пристап до вакцината за коронавирус за најсиромашните земји.

На крајот на дводневниот самит преку Интернет на лидерите на Групата 20 најиндустриски развиени земји во светот и земјите во развој – Г20, канцеларката рече дека е загрижена затоа што сè уште не било решено за дистрибуција на вакцини за најсиромашните.

Според неа, Европската унија, САД и другите богати земји веќе имаат потпишано договори со фармацевтски компании за набавка на вакцини.

Лидерите на Г-20 ветија на крајот од самитот денес дека ќе сторат сè за да обезбедат „еднаков“ пристап до вакцината за коронавирус.

Сепак, на буџетот на Глобалната алијанса за вакцини и имунизација (ГАВИ), кој управува со програмата „Ковакс“ на Светската здравствена организација (СЗО) за дистрибуција на идната вакцина против вирусот, сè уште недостасуваат 3,8 милијарди евра.

Германија веќе вети 500 милиони евра за програмата „Ковакс“.

„Најважно е „Ковакс“ да започне преговори со производителите на вакцини користејќи ги веќе собраните пари“, рече Ангела Меркел.

На крајот на самитот, организиран од Саудиска Арабија, лидерите на Г-20 изјавија дека „целосно ги поддржуваат“ механизмите воспоставени од СЗО во борбата против епидемијата на коронавирус, што значи дека вакцината не е достапна само за најбогатите земји.

loading...

Слични содржини