Мерки против мајмуните пред Самитот на Г20 во Индија

од Radmila Tasevska
178 прегледи

Во пресрет на Самитот на лидерите на Г20 што ќе се одржи во Индија од 9 до 10 септември, во главниот град Њу Делхи се преземени одредени мерки за да се држат мајмуните подалеку од посетителите и местата што ќе се користат за време на Самитот.

Според извештајот на Би-Би-Си, локалните власти направиле планови да ги спречат мајмуните да им наштетат на посетителите и локациите за време на Самитот на Г20.

Една од мерките, како што наведуваат, е да се направат мајмуни од картон во природна големина со цел да се исплашат.

Надлежните рекоа дека картоните ќе бидат закачени на места каде често се гледаат мајмуни, како и во хотели каде ќе престојуваат делегатите кои ќе присуствуваат на Самитот.

Официјалните лица рекоа дека меѓу 30 и 40 обучени луѓе кои можат да ги имитираат звуците на ленгурите, исто така ќе бидат распоредени за да ги исплашат мајмуните.

Слични содржини