Мерки за претпазливост против 12 лица од Агенцијата за млади и спорт

од Nikola Popovski
251 прегледи

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека е поднесено барање за определување мерки на претпазливост за 12 лица осомничени за злоупотреба на службена положба, без да наведе повеќе детали за која институција станува збор.

-Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Според дел од медиумите, станува збор за 12 лица од Агенцијата за млади и спорт, меѓу кои и директорот Наумче Мојсоски. Претходно ДКСК поднесе кривична пријава во врска со доделувањето на спортски ваучери на спортски клубови и федераци.

Слични содржини