Мерките на власта се премалку и задоцнети, велат од ВМРО ДПМНЕ

од Берта Китинска
145 прегледи

Новите мерки кои ги предложи власта на СДСМ и ДУИ се задоцнети и премалку за справување со кризата, велат од ВМРО ДПМНЕ.

-Дел од таканаречени мерки се само советодавни кон граѓаните, или мерки кои треба месеци за нивно реализирање. На граѓаните не им треба гол популизам, туку видливи и реални мерки кои ќе им помогнат да го пребродат овој кризен период.Нема нови странски инвестиции, нема инвестиции во капитални проекти, оваа криминална власт мисли само на грабеж, тендери и партиски вработувања на грбот на сите граѓани.СДСМ и ДУИ се обидуваат со доделување по 1000 денари месечно да ги прелажат пензионерите и граѓаните, посочуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека за разлика од Македонија, каде што изминативе 4 години нема ниту една нова странска инвестиција, реализацијата на капиталните проекти е на најниско ниво.

-Власта на администраторот Ковачевски не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на нафтените деривати за 50% и веднаш да се намали цената на горивата за 13 и 9 денари, туку понуди комплициран модел кои никој не го разбра и не гарантира дека ќе допринесе за намалување на цената на дериватите.Ја повикуваме власта, доколку сака да им помогне на граѓаните да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата.СДСМ и ДУИ покажуваат целосна отсутност од реалноста, и затоа Македонија е во толку длабока криза. Оние коишто се главните предизвикувачи на кризата не може да бидат дел од решението.Најдобар излез од кризата е оваа неодговорна и криминална власт што побргу да си замине. Најрационално решение се брзи парламентарни избори“ стои во реакцијата на партијата, велат од опозицијата.