Иако повеќето влади продолжуваат да советуваат против меѓународни патувања, кои не се потребни, многу популарни дестинации почнуваат да ги олеснуваат мерките за борба против Ковид-19, како и ограничувањата на границите. Си-Ен-Ен издвои некои од нив.
Бали се надева дека ќе започне да ги поздравува туристите од октомври, под услов стапката на заразени да остане ниска.
Во Кипар сакаат нивната туристичка индустрија да се врати на вистинскиот пат, така што официјалните претставници нудат да ги покријат трошоците за сите патници кои се тестираат позитивно за Ковид-19 додека се на одмор во таа медитеранска островска држава.
Меѓународните летови ќе бидат продолжени на 9 јуни, а кога дестинацијата повторно ќе се отвори, ќе можат да влезат само посетителите од избрани земји.
Египет објави дека од 1 јули ќе бидат дозволени редовни меѓународни летови, додека на странските туристи ќе им биде дозволено да доаѓаат во одморалиштата, кои најмалку се погодени од пандемијата.
Франција беше најпосетуваната земја во светот пред пандемијата на коронавирусот. Иако владата полека презема некои мерки, официјалните лица јасно ставија до знаење дека земјата не брза да ги намали меѓународните ограничувања на границата. Патниците што влегуваат во земјава, освен државјани на ЕУ или патници од Велика Британија, мораат да бидат во задолжителен 14-дневен карантин најмалку до 24 јули.
Иако патување во Германија, кое не е потребно во моментов, е забрането, земјата ги укина ограничувањата за посети од ЕУ на 15 јуни, пренесува Си-Ен-Ен.
Што се однесува до Грција, туристичката сезона започна на 15 јуни, кога хотелите можеа повторно да се отворат.
Исланд исто така ја отвори границата за туристите на 15 јуни, а патниците сега имаат можност или да бидат тестирани при пристигнување за 100 евра или да достават доказ за неодамнешен тест со негативен резултат или да се согласат на двонеделна карантин.
Во Италија на патниците од ЕУ, заедно со Велика Британија и Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан, им е дозволено да влезат во земјата без карантин, почнувајќи од 3 јуни, што владата го опиша како „пресметан ризик“.
Портпаролот на Организацијата за туризам на Малдиви потврди дека дестинацијата ќе биде отворена за туристи од сите националности од јули, а премиерот на Малта, Роберт Абела неодамна потврди дека земјата ќе ги отвори своите граници на посетителите од најмалку 17 држави на 1 јули.
Шпанија, која доби рекордни 84 милиони посетители во 2019 година, го премести датумот на повторно отворање, дозволувајќи им на патниците од ЕУ да влезат без да мора да одат во карантин две недели од 21 јуни.
Границите на Тајланд засега се строго затворени, додека турскиот министер за туризам Нури Ерсој најавува дека земјата најпрво би можела да ја отвори границата за кинеските и јужнокорејските граѓани.
Во Обединетите Арапски Емирати, официјалните лица допрва треба да објавуваат кога на меѓународните туристи ќе им биде дозволено да влегуваат во земјата.
Иако Велика Британија претходно се откажа од карантинот за странските посетители, патниците кои влегуваат во земјата од странство сега треба да се изолираат повторно 14 дена, а во случај на кршење на карантинот, плаќаат казна од околу 1.000 евра, пренесува Си-Ен-Ен.