МЕРКИТЕ ЗА невакцинираните административци во регионот не го зголемиле интересот за вакцинација

од Берта Китинска

Од денешниот состанок на Комисијата за заразни болести заклучокот  е дека состојбата со ковид-19 во земјава е стабилна, неделната инциденца е за 5 проценти помала во однос на претходната недела, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

На парашњето дали отпаѓаат мерките кои беа предложени за административци да приложуваат сертификат или да плаќаат еднаш неделно ПЦР, тест на работното место Филипче одговoри:

-На утрешната седница ќе зборуваме за сите мерки , но поголемиот фокус ќе биде за новиот предлог.Комисијата направи анализа за мерката таа веќе се практиркува во Хрватска, Словенија, Грција и нема значајно зголемување на интересот за вакцинација.

На утрешната владина седница Филипче посочи дека ќе се разговара за новиот предлог на Комисијата, матичниот лекар да биде награден со 30 денари по пациент од вкупниот број пациенти запишани кај него, откако ќе надмине 70 отсто на вакцинација од вкупниот број пациенти.

Слични содржини