Мерките за плати ќе може да ги користат и управителите и сопственици на бизнисите

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Владата направи измена на Уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствената економска криза, заради исплата на плати за април и мај, објави министерката за финансии на Фејсбук.

– Флексибилноста, брзата реакција и слухот се клучни во менаџирањето на ваквата кризна состојба. Денеска на владина седница донесовме измена на уредбата. Делуваме во насока на поддршка на стопанството и задржување на секое работно место!, стои во објавата на министерката.

Како што појаснува дека во насока на заштита на микро и мали фирми се отстранува условот управивтели и сопственици на бизнисите вработени во истите да не може да ја користат мерката и бројот на вработени треба да се задржат два месеца по користење на мерката, односно до јули 2020