Мерко: Главното оружјето е дистанцата, дај Боже да нема инфицинари по собирот во Струга

од Берта Китинска
311 прегледи

Граѓаните е веќе свесни за опасноста од Ковид-19. Во изминативе два месеци луѓето сфатија дека овој вирус не се тепа со оружје. Треба да ги следиме мерките и препораките кои што владата и владите во светот ги применуваат, зјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, градоначалникот на Струга, Рамис Мерко.

Дозвола за верската литија во Струга имало од полицијата, но под одредени услови.

-Но литургијата што се оддржи во Струга некако го стави под знак прашање цел труд на државата и локалните штабови, бидејќи навистина беше собрана толпа. Оваа литургија се одддржува секоја година и до сега немало никаков проблем, но оваа година бидејќи се справуваме со еден непредвидлив противник, мора да се знае дека оружјето е држење на дистанца и негрупирање на луѓето. Дај Боже да нема инфицинари. Јас како градоначалник не бев запознаен. Имало одобрено од полиција, но одобрението било под одредени услови, додава Мерко.

Слични содржини