Од денот кога сум градоначланик сакам одговорно и свесно да го водам градот, бидејќи навистина Струга го правиме да биде најдобар град на Балканот и пошироко, изјави во Утрински брифинг градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.
Тој вели дека општината секогаш ги почитувале плановите, особено обврски кога е во прашање заштита на Светското културно и природно наследство.
„Радождани во тоа место се населени пред стотици години кога УНЕСКО не постоело. Да се исели, односно да се избрка, жртвува едно население, мислам дека се паушални напади и не е добро, и за нас како град, но и за населеното место. Би ги повикал сите институции да не говорат паушално, туку да дојдат на лице место, да установат што е тоа што ја пореметува заштитата на природно и културно наследство, да дојдат во време кога сум во тек со министерот за заштита на човековата околина околу доградба на колекторскиот систем од Елен камен до Радожда, така што се на некој начин ќе биде заштитено“, додава Мерко.
Градоначалникот вели дека Струга е цел на неосновани напади од поединци и групи.
„Ние не зборуваме за тоа дали сме против УНЕСКО. Град на УНЕСКО е Охрид, а целото крајбрежје на Охрид, од Св. Наум до Подмолје и целиот слив на сите села е во Охридско Езеро. Зошто не зборуваме за Љубаништа или Св. Наум, таму кафиќи има и во извори, не само во езера. Зошто не зборуваме за Трпејца, Пештани, Лагадин? Зошто не зборуваме за Охрид кога цел ред узурпира тротоари, зеленила. Не знам што се запнале за две, три платформи. Нека дојдат, ќе зборуваме, но никако паушално“, вели Мерко.