Мерко: Испорачавме многу проекти, Струга заличи на еден европски град

од Берта Китинска
318 прегледи

Го презедов четвртиот мандат. Тоа навистина е многу, но ние не можеме да кажеме колку и како, а бидејќи граѓаните ме избраа и по четврти пат сигурно дека сме работеле, сме им служеле на граѓаните, рече за Утрински брифинг градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

-Викам четврти , но можам да кажам по петти пат сум барал гласови во име на ДУИ, прво како пратеник во државното Собрание, и потоа 20 години граѓаните на Струга избираат ист човек, што за мене на некој начин е и поголема одговорност но и мотив да направиме многу повеќе за граѓаните и општина. Моите партнери, коалициони, ми дадоа епитет на обединувач. Створивме ред, мир, сигурност, но испорачавме и многу проекти и во урбаните и во руралните средини. Струга заличи на еден европски град со тенденција да работиме уште повеќе, кажа Мерко.

Слични содржини