Мерко: Продолжување на рокот за легализација, за да немаме штети и последици

283 прегледи

Она што е неприфатливо и забрането според стандардите на УНЕСКО, е единствено правилно. Тоа се однесува на забраната за градење, но и рушење, посочи градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Како што пренесува СДК.мк, според Мерко општината ќе трпи големи финансиски штети, а граѓаните ќе можат да си остварат своето законско право на легализација.

Од Владата, како што вели Мерко е побарано продолжување на рокот за легализација поради ковид пандемијата. Градоначалникот бара и дополнително време за применување на Планот, бидејќи не е адекватен за постапуање по барањата на граѓаните. Со тоа, како што посочува Марко, се прави штета на буџетот на општината и ако нема простор за градење, ќе никнуваат дивоградби кој не се знае кој ќе може да ги спречи, кој ќе одговара и ќе плати за тоа.

Слични содржини