Мерко забрани шетање по бикини и гаќички за плажа низ центарот на Струга (ФОТО)

од Nikola Popovski
448 прегледи

Општина Струга вчера излезе со соопштението во кое се вели дека е воведена забрана за носење бикини и гаќички за плажа по шеталиштето во градот.

-Заради почитување на јавниот ред, особено за време на летната туристичка сезона, низ централното шеталиште (од Чаршискиот мост до Зелениот пазар), се забранува шетање во бикини и гаќички за плажа во текот на целиот ден, велат од општината предводена од градоначалникот Рамиз Мерко.

Покрај објавата, прикажани се и со фотографии од центарот на Струга на кои има знаци со знак за забрана на носење на бикини или гаќи за капење.

Општината ги замолува сите гости и туристи кои се разладуваат на езерото или на Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори.

-Вашето однесување е слика за градот, затоа сите заедно треба да се обидеме да ја зачуваме позитивната слика на една туристичка дестинација како што е Струга, стои во апелот.

Слични содржини