Мерлин Менсон со контра тужба: Ја тужи поранешната која го обвини за злоупотреба

од Stefanija Kuzmanovska

Музичарот Мерлин Менсон е цел на нови обвинувања – магазинот Rolling Stone тврди дека тој имал соба во својот стан во Западен Холивуд каде ги заклучувал жените со кои излегувал.

Бизарни и застрашувачки обвинувања против пејачот кој дури и официјално беше осуден за силување, злоупотреба и малтретирање жени и девојки добиваат неверојатен пресврт. По судењето на Џони Деп и Амбер Херд, Менсон, кој случајно е пријател на Деп и има идентична тетоважа на раката во знак на пријателство, покренува контра тужба против неговата поранешна девојка Еван Рејчел Вуд.

Американската актерка Еван Рејчел Вуд го откри идентитетот на своето поранешно момче за кое рече дека во минатото со години ја малтретирал, ѝ го перел мозокот и манипулирал со неа. За кратко време поддршка стигна од уште четири жени кои тврдеа дека и тие биле жртви на познатиот музичар Мерлин Менсон.

Станува збор за Ешли Волтерс, Сара Мекнили, Ешли Линдзи Морган и Габриел, кои во исто време со Вуд, поранешната вереница на Менсон, ги објавија своите признанија на Инстаграм.

Обвинувањата против Менсон го чинеа цело богатство. Пејачот дури беше и уапсен, а дел од имотот му беше конфискуван. Неколку месеци подоцна и еден месец по контроверзното судење во деценијата меѓу Џони Деп и Амбер Херд, Менсон реши да го направи истиот потег. Тој покренува контра тужба против Рејчел Вуд.

Слични содржини