216
Министерството за животна средина и просторно планирање ги информира граѓаните дека мерната станица во Тетово е во функција и го мониторира квалитетот на воздухот, но податоците не се видливи на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање заради проблеми со серверот.
Податоците од оваа мерна станица се достапни на мобилната апликација AirCare.
-Во моментот само податоците за концентрацијата на СО не се гледаат од причина што во мерната станица имало прекин на струјата и потребно е време да се поткрене системот. Очекуваме достапност на истите за 2-3 часа, информираат од МЖСПП.