Мерсон: Гвардиола не е ништо без пари за трансфери

од Aleksandar Petrovski

Легендата на Арсенал, Пол Мерсон го спореди Јирген Клоп со Пеп Гвардиола во неговата улога како коментатор на „Скај Спортс“.

Според него, Германецот во моментов е најдобриот менаџер во светот.

– Оваа сезона Јирген Клоп му докажа на Гвардиола дека е најдобриот менаџер во светот. Ливерпул тотално го надигра Лестер и тоа се должи само на Германецот. Тој го изгради овој тим. Тој е подобар од Гвардиола дури и без да потроши исто толку пари како Шпанецот, објави Мерсон.

Според поранешниот англиски репрезентативец, Клоп може да го земе Ротерам, кој се натпреварува во долните англиски дивизии, и да го одведе во Премиер лигата за неколку години.

– Гвардиола не може да стори такво нешто. Не може да направи ништо без пари за трансфери, постојано му требаат 80-90 милиони фунти за играчи, кои му се потребни за неговиот сопствен систем. На Клоп не му се потребни такви пари, што е големо достигнување од негова страна, додаде 51-годишниот Мерсон.

Слични содржини