Мерцедес не се откажува од титулата

од Vladimir Zorba
388 прегледи

Тимот на Мерцедес Ф1 ќе поднесе нова жалба за конечниот пласман на последната трка за Големата награда на Абу Даби, во која титулата светски првак ја зема Макс Верстапен од Ред Бул.

Германскиот тим не можеше да се помири со поразот во последното коло од контроверзната трка, што е „скроена“ со досега невидени прекршувања на бројни правила од страна на директорот Мајкл Маси. Тие во моментов поднесоа две жалби и двете беа одбиени неколку часа по трката.

Тие сега планираат да одат чекор подалеку и да ја испробаат својата последна шанса во форма на Меѓународниот апелационен суд во Париз, законодавен дом формиран од Светската автомобилска организација (ФИА) и поддржан од сите тимови од Светското првенство. Значи, Мерцедес сака да поднесе жалба против ФИА од тело назначено се посредство на ФИА!

Шансите таа да биде усвоена се минимални, бидејќи дополнително ќе ја фрли Формула 1 на столбот на срамот и ќе го покрене прашањето за регуларноста, што, всушност, веќе е доведено во прашање по кардиналните одлуки на Маси на последната трка со што фрли дамка на фантастичната и историска сезона на која бевме сведоци.

Слични содржини