Месарите ги намалија цените на 50 производи, но не се знае до кога ќе трае поевтинувањето

од Nikola Popovski

Цените се намалени за пет проценти, пред се на домашното свежо свинско месо, но, сепак, секоја компанија поединечно си одлучува по колку ќе ги продава своите производи, информира денеска Гоце Трајчев од Групацијата за преработка на месо и производи од месо при Стопанската комора.

Тој додаде и дека неопходно е да се укине царината на увезеното смрзнато свинско месо, за уште повеќе да се намали цената на домашните месни производи.

Тој истакна дека намалени се околу 50-на производи, односно дел од свежото свинско месо и дел од пилешкиот асортиман, но не можеше да утврди до кога ќе важи тоа бидејќи на некои компании им се одбиени апликациите за добивање субвенционирана струја зашто имаат фотоволтаици.

Трајчев на прес-конференција во Комората напомена дека компаниите се подготвени вишокот струја да го дадат гратис, за тоа да не биде пречка и да добијат субвенционирана електрична енергија.

-Станува збор за вишоци каде никаде не можат да ги користат. Информацијата од ЕВН што стигна дека заедно со Министерството за економија и ќе се направи се за да се доработи договорот и тие да бидат ставени во системот на субвенционирана електрична енергија. Се надеваме на најбрзо решавање на овој проблем, изјави Даниела Михајловска од Комората.

Слични содржини