Месецов започнува судењето на Жан Митрев и неговата клиника

од Nikola Popovski
142 прегледи

Денеска беше соопштено дека основниот кривичен суд Скопје го прифатил обвинението против докторот Жан Митрев и против истоимената клиника, со што веќе е закажан датум за почетокот на судењето.

-Ценејќи ги сите приложени факти и аргументи на странките донесе решени со кое актот го одобри во целост. По одобрениот обвинител акт, оформен е кривично правен предмет со К.бр. 349/23 кој согласно АКМИС системот е распределен кај судија на понатамошно постапување и насрочен е термин за главна расправа на 28.02.2023 година во 09:30 за што ќе бидат испратени покани до странките, информираа од Кривичниот суд.

Жан Митрев беше на распит во обвинителството во август лани, по што надлежниот јавен обвинител Гаврил Бубевски нареди истрага против него.

-Осомничениот, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од КОВИД 19 со методот на хемофилтрација, соопштија тогаш од ОЈО.

Обвинителството го поднесе обвинението по истрагата иницирана со истражна сторија на ИРЛ за неетичка употреба на методот на хемофилтрација, кој е инвазивен метод за прочистување на крвта во лекувањето на пациенти со коронавирус.

Семејствата на осумте починати, меѓу кои и семејства од Приштина, поднеле кривична пријава против приватната кардиохируршка болница „Жан Митрев“, Кон обвинението се приклучиле 283 пациенти кои се чувствуваат повредени во овој случај.

Митрев може да биде осуден на затворска казна од една до 10 години за кривичното дело „измама“ за кое се товари.

Слични содржини