Мешањето на Курти нема да влијае на политичката сцена во С.Македонија, оценува Османи

од Nikola Popovski
205 прегледи

Министерот за надворешни работи и висок функционер на ДУИ, Бујар Османи денеска оцени дека обидите на косовскиот премиер Албин Курти да „влезе на македонската политичка сцена“ не се ништо ново и нема да имаат било какво влијание.

„Вакви обиди имало и претходно, но тоа во никој случај нема да влијае на политичката сцена во државата која е консолидирана“, рече Османи на заедничката прес-конференција со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани.

Шефот на албанската дипломатија на истото прашање одговори дека е во Скопје како претставник на Албанија за да ги поддржи прогресивните европски сили на Албанците и Северна Македонија во јасни позиции за европската иднина.

Тој изрази уверување дека резултатите од претстојните избори во Северна Македонија нема да ја променат нејзината посветеност кон европската иднина.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на 9 јануари изјави дека косовскиот премиер и лидер на „Самоопределување“ се меша во политичката сцена на Албанците во Северна Македонија.

Според Ахмети, јавната поддршка на Курти за претседателскиот кандидат на Европскиот сојуз за промени во 2019 година е мешање во политичката сцена на Северна Македонија.

На изјавата дека Курти ја поддржува коалицијата на албанската опозиција за претстојните оваа година, тој рече дека не знае дали „Самоопределување“ е регистрирана партија во Северна Македонија, но дека е свесен дека „многумина од меѓународната заедница покажаа интерес“.

„Ова е демократија, ме ставија во многу тешка ситуација. Зошто Курти се жали кога (српскиот претседател Александар) Вучиќ е политички активен на Косово? Како го објаснувате тоа? Ме оставија без зборови“, изјави тогаш Ахмети.

Слични содржини